Јаболката и оревите се секогаш добра комбинација кога станува збор за колачи.
Состојки:
– 2 јајца
– 200 гр шеќер
– 200 мл масло
– 200 мл млеко
– 200 гр мелени ореви
– 200 гр гриз
– 200 гр брашно
– 2 рендани јаболка
– 1 кесичка прашок за пециво
– 1 кесичка ванилин шеќер
– малку рум
– 50 гр џем од кајсии
– 50 гр сечкани ореви
Подготовка:
Во соодветен сад пенасто измешајте ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер.
Додадете масло, млеко, ореви, гриз и брашно измешано со прашокот за пециво.
На крајот измешајте ги ренданите јаболка и румот, па смесата истурете ја во намрсена и набрашнета тава.
Подготвената смеса печете ја во рерна загреана на 190 степени 30 до 35 минути.
Испечениот колач премачкајте го со џем од кајсии и посипете со сечканите ореви.
Исечете го колачот на коцки, а потоа посипете го со шеќер во прав и цимет.