260
Состојки:
– 1 шолја пченичен гриз
– 1 шолја масло
– 1 шолја брашно
– 1/2 шолја млеко
– 1/2 кесичка цимет
– 1 кесичка прашок за пециво
– 1 јајце
– 1 шолја шеќер
– 2 рендани јаболка
*(1,5 dl мерка за шолја)
Прелив:
– 4 лажици масло
– 4 лажици млеко
– 4 лажици шеќер
– 100 гр чоколадо
Подготовка:
Прво изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете ги сите останати состојки и измешајте.
Добиената смеса истурете ја во подмачкана тава (масло и брашно). Се пече во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути.
Кога колачот е при крајот на печењето, подгответе го преливот така што ќе ги стопите сите состојки на умерена температура и ќе го прелиете по врелиот колач.
Кога колачот ќе се излади, исечете го и послужете.