391
Состојки:
– 1 чаша јогурт
– 1 чаша млеко
– 1 чаша масло
– 1 чаша кокосово брашно
– 1 ванилин шеќер
– 2 чаши шеќер
– 2 чаши брашно
– 1 лажичка прашок за пециво
* мерка: чаша од 2 дл
Глазура:
– 100 гр чоколадо
– 2-3 лажици масло
Подготовка:
По тој редослед измешајте ги сите состојки со блендер.
Истурете во мал подмачкан и набрашнет плех за печење и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
Чоколадото со масло растопете го на пареа и прелијте го врз колачот. Кога ќе се стврдне глазурата, можете да ја исечете.