Колач со два вида чоколада

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Состојки:

– 200 гр темно чоколадо

– 200 гр бело чоколадо

– 150 гр путер

– 200 гр шеќер

– 140 гр брашно

– 3 јајца

– лажичка екстракт од ванила

– овошје за декорација

Подготовка:

На пареа растопете ги чоколадото, шеќерот и путерот. Кога чоколадото ќе се растопи, а двата вида добро ќе се измешаат, оставете неколку лажици чоколадо за декорација.

Во растопеното чоколадо додавајте ги јајцата едно по едно, матејќи со миксер на најмала брзина. Потоа додадете го брашното, исто така полека мешајќи со миксер. На крај додадете го екстрактот од ванила.

Покријте го плехот со хартија за печење. Сипете ја смесата и печете околу 25 минути во рерна загреана на 170 степени.

Се сече на коцки, се прелива со чоколадо и се украсува со овошје или јаткасти плодови по желба.

Слични содржини