300
Состојки:
– 2 јајца
– 160 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 4 јаболка
– 100 мл масло
– 180 гр брашно
– 1/2 кесичка прашок за пециво
– 100 мл млеко
– цимет по вкус
– 50 гр листови бадем
– шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Подгответе плех обложен со хартија за печење. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.
Изматете ги јајцата со шеќерот додека не се растопи целиот шеќер. Потоа додадете масло, млеко и други суви состојки. Мешајте добро да се соедини, па исклучете го миксерот.
Додадете јаболка исечкани на мали коцки и измешајте со лажица. Истурете го тестото во калапот, распоредете ги листовите бадеми и печете го колачот околу 35 минути.
Изладениот колач посипете го со шеќер во прав.