Колач со печени лешници

од Stefanija Kuzmanovska
294 прегледи

Фантастичен десерт со лешници и чоколадо.

Состојки:

– 7 белки

– 6 лажици шеќер

– 7 лажици брашно

– 100 гр темно чоколадо

– 100 гр печени лешници

– 100 мл масло или една шолја

– 1 прашок за пециво

Фил:

– 7 жолчки

– 100 гр чоколадо за готвење

– 125 гр путер

– 50 гр печени лешници

Подготовка:

Чоколадото изрендајте го на крупно ренде. Печете ги лешниците во рерна, исчистете ги од лушпата и исечкајте ги или сомелете ги.

Изматете ги белките додека не се формира цврст снег, па полека додајте ги шеќерот, брашното, мелените лешници, чоколадото и прашокот за печиво, непрекинато мешајќи со шпатула или миксер, но на најмала брзина.

Круг плех намачкајте го со путер, посипете со брашно и прелијте ја подготвената смеса за колачот.

Загрејте ја рерната на 200 степени и штом ќе го ставите колачот да се пече намалете ја на 150 степени, па печете 20 минути.

За тоа време, подгответе го филот со матење на жолчките со шеќер, додадете го искршеното чоколадо и путерот, па варете околу пет минути со постојано мешање.

Оставете го колачот во плехот во кој сте го печеле да се излади, а потоа рамномерно распоредете го филот врз него.

Кога ќе се излади, исечете го и посипете го со печени лешници.

Слични содржини