243
Состојки:
– 3 јајца
– 3/4 шолја шеќер
– 3/4 шолја масло
– 7 лажици густ јогурт
– 350 гр суво овошје (брусница, кајсии и сливи)
– прстофат сол
– 1/2 кесичка прашок за пециво
– 1 ванилин шеќер
– 2 шолји брашно
* мерка – шолја од 250 мл
Подготовка:
Јајцата се матат и се додава шеќерот, се мати додека смесата не побели, па се додава маслото.
После тоа, додадете јогурт, изматете и додадете ванилин шеќер и брашно измешано со прашок за пециво и малку сол.
На крајот измешајте го сувото овошје во смесата, ставете го во калапот и израмнете ја смесата.
Се пече во рерна загреана на 170 степени околу 50 минути.
Кога ќе се излади, исечете и послужете.