Колач со три вида чоколадо

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Состојки:

– 200 гр темно чоколадо

– 100 гр млечно чоколадо

– 100 гр бело чоколадо

– 150 гр путер

– 200 гр шеќер

– 140 гр брашно

– 3 јајца

– лажичка екстракт од ванила

– овошје за декорација

Подготовка:

На пареа растопете ги чоколадото, шеќерот и путерот. Кога чоколадото ќе се растопи, а сите три вида се добро измешани, одвојте неколку лажици чоколадо за декорација.

Во растопеното чоколадо додавајте ги јајцата едно по едно, матејќи со миксер на најмала брзина. Потоа додадете го брашното, исто така полека матејќи со миксер. На крај додадете го екстрактот од ванила.

Обложете плех со хартија за печење. Сипете ја смесата и печете 25 минути во рерна загреана на 170 степени.

Површината на колачот треба да има кора. Се сече на квадрати, се прелива со чоколадо и се украсува со овошје по желба.

Слични содржини