Состојки:
– 2 јајца
– 1 чаша шеќер
– 1 чаша гриз
– 1 шолја мелени ореви
– 1/2 чаша брашно
– 1/2 чаша масло
– 1/2 чаша млеко
– 1/2 лажичка цимет
– 2 јаболка
Подготовка:
Излупете ги јаболката, изрендајте ги. Во сад измешајте ги брашното, гризот, оревите и циметот.
Во поголем сад ставете ги јајцата и шеќерот и добро измешајте или изматете со жица. Додадете го маслото и соединете со смесата, па додадете го млекото.
Кога убаво ќе ги измешате маслото и млекото, додадете го ренданото јаболко и измешајте. На крај во смесата додадете ја смесата од преостанатите суви состојки и сè соединете.
По желба премачкајте го калапот со масло или путер и посипете го со брашно. Истурете ја смесата во калапот и печете околу 40 минути на 180 степени.
Кога колачот ќе се одвои од рабовите на калапот и ќе добие убава златно-жолта боја, прободете го со чепкалка за заби или нож и ако на нив нема влажни остатоци од тестото, колачот е готов и можете да го извадите од рерна.
По желба посипете со шеќер во прав и послужете.