Колач за „5 минути“

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Колач кој брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде.

Состојки:

– 4 рамни лажици брашно

– 4 рамни лажици шеќер

– половина лажичка прашок за пециво

– 2 лажици какао

– 1 јајце

– 3 лажици масло

– 3 лажици млеко

– 1 шолја чај

Подготовка:

Во шолјата ставете ги брашното, шеќерот, какаото и прашокот за печиво и убаво измешајте за се да биде рамномерно распоредено. Додадете го јајцето и повторно измешајте. Додадете масло и млеко и убаво измешајте да не останат грутчиња. Ставете ја чашата во микробранова печка и вклучете ја да се пече: 4 минути – 850 вати или 3 минути – 1.000 вати.

Кога е готов, извадете го од микробранова печка, оставете да се излади 2-3 минути, покријте го со малку фил, сладолед, прелив, џем по желба и веднаш изедете го.

На здравје!

Слични содржини