Колачиња со кикирики и чоколадо

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Состојки:

– 100 гр овесни снегулки

– 4 лажици пченично брашно

– 100 гр кикирики

– 1 лажичка цимет

– 1 лажичка прашок за пециво

– јогурт и малку масло, колку да се замеси тестото

– темно чоколадо за декорација

Подготовка:

Сомелете ги овесните снегулки додека не добијат текстура слична на брашното. Направете го истото со кикиритките.

Во сад ставете ги состојките кои претходно сте ги исецкале, брашното, прашокот за пециво, циметот, се убаво измешајте.

Додадете јогурт и масло. За овие две состојки нема прецизна мерка, важно е само да добиете густа маса погодна за формирање на колачиња.

Подгответе плех, покријте го со тенок слој масло, земете мали количини од смесата и од неа формирајте колачи.

Ставете го плехот во рерна, прво печете на пониска температура, а потоа зголемете ја температурата. Самите ќе забележите кога ќе бидат готови.

Украсете ги колачите со темно чоколадо растопено на пареа.

Слични содржини