Колачиња со парчиња чоколадо

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Колачиња кои можете да ги послужите со кафе, чај или млеко.

Состојки:

– 250 гр пченично остро брашно

– 100 гр пченично меко брашно

– 1 лажичка сода бикарбона

– 1 лажичка сол

– 200 гр омекнат путер

– 100 гр шеќер

– 100 гр кафеав шеќер

– 1 ванилин шеќер

– 2 јајца

– 200 гр крупно сечкано чоколадо

Подготовка:

Во помал сад измешајте ги брашното, сода бикарбоната и солта.

Со миксер измешајте го путерот заедно со шеќерот, кафеавиот шеќер и ванилиниот шеќер додека не добијат кремаста структура.

Додадете ги јајцата едно по едно, добро промешајте ја смесата по секое додавање.

Постепено промешајте ја смесата со брашно и сода бикарбона. На крајот, измешајте ги чоколадните парчиња.

Со лажица обликувајте колачиња со дијаметар од околу пет сантиметри на хартија за печење.

Се пече од девет до 11 минути во загреана рерна на 190 степени.

Изладете ги колачињата на хартијата за печење околу две минути, а потоа префрлете ги во тањир и целосно изладете ги.

Слични содржини