Колачи со брусница, орев и овесни снегулки

529 прегледи

Состојки:

* шолја од 2,4 дл.

– 1 шолја маргарин на собна температура
– 1 шолја кафен шеќер
– пола шолја шеќер
– 2 јајца
– лажичка ванила
– 1 ипол шолја брашно
– лажичка сода бикарбона
– лажичка цимет
– лажичка сол
– 3 шолји овесни снегулки
– 1 шолја орев
– 1 шолја исечкано бело чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени целзјусови. ПОтоа во голем сад измешајте го маргаринот и шеќерот додека не се изедначат. Додајте ги јајцата, едно по едно, а потоа измешајте ја и ванилата.

Бо посебен сад измешајте ги брашното, циметот и сода бикарбона и сол. Тоа додајте го со смесата со маргаринот и мешајте додека не се доединат. Потоа додајте ги овесните снегулки, брусницата, оревот и парчињата бело чоколадо.

Со лажица земајте од тестото и ставајте ги на плех така што ќе оставите околу 2,5 центиметри место меѓу нив, за да не се залепат.

Печете 10-12 минуи или додека колачите не почнат да добиваат кафена боја по рабовите. Оладете и уживајте.

Слични содржини