Многу вкусен десерт кој брзо се подготвува.
Состојки:
– 100 гр овесни снегулки
– 4 лажици пченично брашно
– 100 гр кикирики
– 1 рамна лажичка цимет
– 1 рамна лажичка прашок за пециво
– јогурт и малку масло, количина доволна да се замеси тестото
– џем по избор
– 100 гр темно чоколадо
Подготовка:
Сомелете ги овесните снегулки додека не добијат текстура слична на брашното. Направете го истото со кикиритките.
Во сад ставете ги состојките кои претходно сте ги сомелеле, брашното, прашокот за пециво, циметот, сè убаво измешајте.
Додадете јогурт и масло. За овие две состојки нема прецизна мерка, важно е само да добиете густа маса погодна за формирање на колачиња.
Подгответе плех, покријте го со тенок слој масло, земете мали количини од смесата и од него формирајте ги колачињата.
Ставете го плехот во рерна, прво печете на пониска температура, а потоа зголемете ја температурата. Сами ќе забележите кога ќе бидат готови.
Печените колачиња премачкајте ги со џем по избор. Преку слојот од џем прелијте темно чоколадо.