Колапс на акциите на Tesla по еден твит

од Vladimir Zorba
410 прегледи

Акциите на Tesla, кои котираат на берзата во Франкфурт, утринава паднаа за 8,0 отсто во раното тргување, по анкетата на извршниот директор на компанијата Елон Маск на Твитер за тоа дали да се продаде една десетина од сопственичкиот удел во таа компанија.

Маск, моментално најбогатиот човек на светот, во саботата на Твитер напиша дека ќе продаде 10 отсто од своите акции во Tesla доколку корисниците на таа социјална мрежа го поддржат тој предлог. Тој додаде дека ќе го прифати резултатот од анкетата, каков и да е.

Во анкетата учествувале повеќе од 3,5 милиони следбеници на Маск, а 57,9 отсто од нив рекле „да“, пренесе Ројтерс.

Акциите на Tesla во Франкфурт паднаа за 7,9 отсто на 980 евра при тргувањето во 7:31 часот по средноевропско време. На Њујоршката берза акциите на компанијата пораснаа за 73,2 отсто во 2021 година, во споредба со индексот Nasdaq Composite, кој досега оваа година се зголеми во вредност од 23,9 отсто.

Американската телевизија CNBC јавува дека Маск во следните неколку месеци се соочува со данок од над 15 милијарди долари, што веројатно е вистинската причина поради која ги продава акциите, пренесе Танјуг.

„Без оглед на резултатите од анкетата, Маск најверојатно ќе почне да продава милиони од своите акции овој квартал. Причината е претстојната даночна сметка од повеќе од 15 милијарди долари“, наведуваат медиумите.

Слични содржини