Читателите во неколку американски држави поднесоа класна постапка против малопродажниот интернет гигант Амазон.
Како што тврдат, Амазон, во договор со група издавачи, ги „надувал“ цените на електронските книги. Во тужбата се тврди дека Amazon and Penguin Random House, Hachette, HarperCollins, Macmillan и Simon & Schuster преговарале за цените на е-книгите, со што потрошувачите плаќаат повеќе за нив кога купуваат на други платформи.
Околу 90 проценти од електронските книги се продаваат преку Амазон, најголемиот американски продавач, се посочува во тужбата поднесена од адвокатската фирма Хагенс Берман, пренесува Индекс.
Слична тужба беше поднесена од адвокатската фирма во 2011 година против „Епл Инка“ и „големата петорка“, исто така, поради сомнежот дека тие преговарале за цените на електронските книги. Амазон не сакаше да ги коментира информациите за тужбата за Ројтерс.
Во средата, државата Конектикат објави дека покрена истрага против Амазон под сомнение за нарушување на еднаквата пазарна конкуренција во бизнисот со продажба на дигитални книги.