Веста дека славната Саманта Џонс се враќа на продолжението на култната серија „Сексот и градот“ ги израдува сите обожаватели на актерката и оваа популарна серија.
Ким Катрал успеа да се договори со продуцентите на хит серијата и да се појави во една епизода од продолжението „And just like that…“.
Актерката ги снимала своите сцени во тајност, откако одбила да соработува со колешките поради конфликт со Сара Џесика Паркер и отсуствуваше од првата сезона на продолжението.
Славната Саманта имала две важни барања за враќање во серијата: прво – да не глуми со ниту една друга од колешките, мислејќи на Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис и второ – не сакаше да се сретне со креаторот на серија, Мајкл Патрик Кинг.
Иако не се во добри односи со Ким Картал, нејзините колешки знаат дека публиката го обожава ликот на Саманта, па биле разочарани што Ким одбила да учествува во продолжението на серијата.
„Сега се надевам дека фановите нема да бидат разочарани по обемот на драмата која се случуваше во врска со тоа“, рече Кристин Дејвис за враќањето на Ким во серијата.
„Не сакавме таа информација да го најде патот до јавноста, сакавме нејзиното враќање да биде изненадување“, додаде Кристин за време на гостувањето во емисијата „Today“, пишува „Page Six“.
Актерката која ја толкува улогата на Шарлот смета дека враќањето на Саманта е добра работа за љубителите на серијата.
„Свесни сме колку таа им значи на фановите на ‘Сексот и градот’, сакавме да им го дадеме тоа што го сакаат. Сакавме да најдеме начин како да го изведеме тоа“, додаде актерката.
Креаторот на серијата Мајкл Патрик Кинг се обиде да ја задржи во тајност веста за враќањето на Ким, па затоа е разочаран од исходот, како и сите што работат на серијата.
Инаку, Кристин Дејвис, како и самата Сара Џесика Паркер, не е во добри односи со Ким Катрал, но, како што самата навела, „не може да троши енергија на тоа“, пишува споменатиот медиум.