Ирскиот актер Колин Фарел отелотвори бројни ликови во својата кариера, но една улога била најпредизвикувачкa за него. Тој призна дека подготовката за улогата на војсководец и император Александар Велики во филмот на Оливер Стоун „Александар“ од 2004 година било вистински предизвик.
Како што пренесува Far Out Magazine, Фарел открил во интервју за Би-Би-Си дека неговата улога во Александар се покажала како најпредизвикувачка во однос на подготовката и работата со други ликови.
Овој филм доби многу критики кога излезе, а Фарел призна дека се чувствувал како лош актер по лошиот резултат на филмот, пренесува „Индекс“.
„Тоа беше најголемиот предизвик во мојот живот. Сакам предизвици. Мислам дека удобноста е најголемиот непријател на актерот затоа што лесен начин е секогаш достапен и се надевам дека никогаш нема да го прифатам. Ми се допаѓа што Александар беше човек со визија и ништо не му застана на патот да ја постигне“, рече Фарел и додаде: „Не мислам дека таа визија се засноваше само на алчност и желба за поседување. Беше страстен. Сите ние треба да имаме страст во животот. Тој беше човек кој за малку ќе се удавеше во таа страст и она што го создаде таа страст“, рече Фарел.