Колин Фарел со тешка, но храбра одлука: „Сакам мојот син да биде на сигурно“

од Љубиша Владимиров
143 прегледи

Ирскиот актер Колин Фарел ја сподели една од најтешките одлуки во неговиот живот заедно со поранешната партнерка Ким Борденаве решиле нивниот 21-годишен син Џејмс да биде сместен во установа за долгорочна нега. Одлуката, иако емоционално тешка, ја донеле со цел да му обезбедат сигурност и чувство на припадност додека сè уште се живи и можат да бидат дел од неговиот живот. Џејмс како бебе покажувал знаци на доцнење во развојот, а првично му била дијагностицирана церебрална парализа. Сепак, по неколку години и дополнителни испитувања, му бил дијагностициран редок неврогенетски синдром, Ангелман.

Ангелман синдромот предизвикува сериозни интелектуални и физички пречки, проблеми со координација, епилептични напади и карактеристична насмевка или ненадејни напади на смеа. За среќа, Џејмс немал сериозен напад повеќе од една деценија. Во интервју за магазинот Candis, Фарел објасни дека сакаат да го сместат Џејмс во установа додека уште можат активно да бидат дел од неговото секојдневие.

„Што ако утре ми се случи нешто, а и Ким исчезне? Што ќе стане со него тогаш? Сакам да знам дека е на сигурно, дека е во место каде што ќе го сакаат и каде ќе можеме да го посетуваме,“ рече Фарел.

Тој ретко зборува за приватниот живот, но отворено призна дека има само една желба за својот син: „Сакам светот да биде љубезен кон него.“

Џејмс е неговиот прв син, а Фарел има и петнаесетгодишен син, Хенри, со актерката Алиша Бахледа-Куруш.

Оваа одлука е пример за тоа како љубовта и одговорноста стојат зад најтешките чекори што родителите ги преземаат за доброто на своите деца.

Слични содржини