Колку антитела се доволни за заштита од Ковид-19?

од Nikola Popovski
809 прегледи

Директорот на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ Александар Гинцбург вчера изјави дека истражувањето на тој институт покажало дека се потребни 300 неутрализирачки единици на антитела за целосна заштита од делта сојот на коронавирусот.

Гинцбург за весникот „Известија“ истакнал дека ако човек има 500 единици антитела или повеќе, тоа е идеално за заштита од Ковид-19, пренесува РИА Новости. Тој изјави дека со испитувањето биле опфатени 4.000 московјани.

Антителата се клучен дел од нашата имунолошка одбрана и го спречуваат вирусот да навлезе во клетките на телото. Тие се лепат на површината на коронавирусот за да го спречат влегувањето на клетките во нашето тело и да го привлечат остатокот од имунолошкиот систем.

Слични содржини