346
Откако претходно тајно се венчаа во Лас Вегас, Џеј Ло и Бен Афлек организираа уште една тридневна прослава за време на викендот.
Овој пат церемонијата се одржа на имотот на Афлек во Џорџија.
Бен и Џенифер наводно платиле 400.000 долари за венчавката, пишува Daily Mail.
За таа прилика Џеј Ло носеше скапоцена венчаница направена во Италија.
Гостите беа облечени во бело, а меѓу нив имаше и многу познати личности како Мет Дејмон, Џорџ Клуни, Џејн Фонда, Рене Залвагер и Џими Кимел.