Колку долго меленото месо може да остане во замрзнувач?

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Свежо купеното мелено месо може да остане во фрижидер еден ден, најмногу два, па најдобро би било, доколку не планирате да го консумирате во тој период, да го ставите во замрзнувач. Но, дали може да остане таму долго време?

Губењето на влагата е една од главните причини зошто меленото месо го губи својот вкус откако ќе отстои подолго време, според U.S. Department of Agriculture (USDA), дури и ако е во замрзнувач, што значи дека не може да остане таму засекогаш.

Доколку е термички обработено и соодветно спакувано, може да се замрзне два до три месеци и вкусот нема толку да се промени бидејќи дел од влагата веќе е изгубена при готвењето.

Сировото мелено месо може да се чува во замрзнувач 3 до 4 месеци.

Се разбира, важно е и како се чува. Може да издржи и до две недели во оригиналното пакување, а доколку планирате да го чувате подолго од тоа, добро би било пакувањето да го завиткате во фолија или да го ставите во кеса за замрзнување.

Според Woman’s Day, добро е да се напише датумот ако е само во пластична кеса, за да се потсетите кога е безбедно за користење.

Слични содржини