Колку е опасна диетата на Кортни Кардашијан?

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Секој треба да изгради диета која им дава енергија и здравје и ја одржува нивната тежина нормална. И важно e да се има рамнотежа во неа. Драстичните диети и сите модерни акробации во исхраната може да бидат опасни, предупредуваат нутриционистите.

Тоа исто така е случај со исхраната на Кортни Кардашијан. Tаа се пофали дека го спровела најновиот режим, имено „кето“ диетата.

Таа се потпира на високо внесување на масти во комбинација со зеленчук. Јаглехидратите се во минимални количини, што го става телото во метаболички режим наречен „кетоза“. Почнуваме да трошиме енергија од маснотии, а не од јаглени хидрати.

„Понекогаш си правев брокула или карфиол со малку ориз, само за да заситам барем малку глад за јаглехидрати“, вели Кортни, која го почитувала режимот во 2017-та и смета повторно да ја повтори оваа година.

Нутриционистите предупредуваат дека „кето“ исхраната има голем број на несакани ефекти, вклучувајќи зголемен холестерол, констипација и чувство на постојан замор. Постои дури и моабет за зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и некои видови рак.

Слични содржини