Прекрасни накит и скапоцени дијадеми, палати и уметнички дела, скапи автомобили и дизајнерска облека – сето тоа има своја цена и мора да се плати. На прв поглед може да изгледа дека богатството на кралското семејство не е толку големо.
Личното богатство на кралицата Елизабета Втора, која се смета за најбогат член на семејството, изнесува околу 400-500 милиони фунти – очигледно недоволно за да влезе во листите на најбогатите луѓе во светот. Според сегашните проценки на „Форбс“, таа нема ни да се рангира меѓу првите 2.000 најбогати луѓе.
Принцот Чарлс поседува 400 милиони, принцот Вилијам – околу 30 милиони, а Кејт Мидлтон – 10 милиони. Принцот Хари и Меган Маркл вредат 30 и 5 милиони фунти соодветно.
Личното богатство на кралицата е од поседување на личен недвижен имот, уметнички дела, колекции на антички монети, печати и накит, автомобили, наследство од кралицата мајка.
Таканаречениот „Sovereign Grant“ е сума што е наменета да ги покрие трошоците на кралицата за патување, приеми и забави, одржување на палатите и трошоците за платите на персоналот.
Тоа се трошоци кои Елизабета Втора ги прави годишно и тие доаѓаат од парите на даночните обврзници. Всушност, грантот, кој ги покрива сите трошоци, е фиксен процент што кралицата го добива од „Crown Property“, комерцијална организација која поседува недвижен имот и земјиште низ Велика Британија. Организацијата е независна, а монархот само делумно ги контролира работите на компанијата, но сите имоти на компанијата се сметаат за „јавна сопственост на круната“.
Што точно поседува „Crown Property“ – недвижен имот во Лондон, палати, цели улици, паркови, тркачки терени (Аскот, на пример) па дури и поединечни крајбрежја. Вредноста на капиталот на организацијата за 2021 година изнесува повеќе од 14 милијарди фунти. Добивката од поранешните наследни имоти одат во трезорот, а кралицата добива фиксен процент од годишниот приход.
Просечната сума што ја добива нејзиното височество е околу 82 милиони фунти.Формално процедурата се спроведува преку владата, а парите се распределуваат од трезорот, додава „Marieclaire“.