Колку гориво троши автомобил со вклучена клима?

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Германскиот автомобилски клуб (ADAC) спроведе мерења за тоа колку употребата на клима уред во автомобилот влијае на потрошувачката на гориво.

Благодарение на модерните компресори за климатизација, влијанието врз потрошувачката на гориво и дополнителните трошоци полека се намалува. Тестот покажал просечна дополнителна потрошувачка од 10 до 15 отсто, пренесува „ХАК“.

Областа во која возите исто така има големо влијание врз потрошувачката на гориво. Во град потрошувачката е зголемена за околу 20 отсто, на отворени патишта (просечна брзина околу 100 км/ч) потрошувачката се зголемува за околу 6 отсто, но кога автомобилот е во лер, потрошувачката се зголемува за цели 70 отсто.

За помала потрошувачка на гориво, системот мора да ја регулира внатрешната температура колку што е можно независно, т.е. во автоматски режим (ако имате автоматска климатизација).

Овој начин на работа е многу подобар, откри ADAC, отколку сами да ги одредувате параметрите на клима уредот што дува.

Слични содржини