414
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ очекува приход од околу 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против ковид во 2021 година.
Вакцината против коронавирус на „Фајзер“, која ја произведува заедно со германскиот партнер „БиоНТек“, е прва во САД која е одобрена за итна употреба.
Во текот на 2021 година, „Фајзер“ предвидува вкупни приходи на компанијата во износ меѓу 59,4 и 61,4 милијарди долари.