Колку ќе чини договорот со „Бехтел и Енка“, на крај ќе биде фер, нема да биде за нешто што нема да биде изработено, вели првиот човек на ИРД во Македонија

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Цената од 1,3 милијарди евра која е во договорот е изработена на ниво на проектна документација која ја има во самиот договор. Значи, во самиот договор има предмер кој е изработен на ниво на предпроект. Врз основа на тој предмер, кога ќе се помножат предвидените количини по цените единечни кои се дадени во договорот, се стигнува до таа сума која не е 1,3 милијарди туку пресметката која е дел од договорот е 1,29 милијарди евра. Колку ќе биде ќе видиме кога ќе се реализира проектот, вели во интервју за „Независен“ Дарко Спироски, првиот човек на „ИРД инженеринг“ во Македонија, фирмата која ќе го врши надзорот врз градењето на автопатските делници од коридорите 8 и 10д, кои ги изведува американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Меѓутоа, според него, тоа не значи дека секогаш ќе биде повеќе.

-Може да биде и помалку. Значи, ќе се видат реално изведените количини кога ќе се заврши проектот на траса. Затоа велам дека договорот е фер. Цената врз основа на таа проектна документација која ја има изработено „Бехтел и Енка“ и предмет и пресметки е 1,29 милијарди. Колку ќе биде, на крај ќе биде фер, нема да биде за нешто што нема да биде изработено. Значи, сѐ ќе биде докажливо, мерливо. Тоа се предностите на црвениот ФИДИК, мерливите количини, истакна тој.

Слични содржини