Алатката ChatGPT, управувана од вештачка интелигенција, моментално ја користат 700 милиони луѓе неделно, а Open AI не ја исклучува можноста за воведување реклами во својот популарен четбот во одреден момент, изјави раководителот на производот Ник Терли за поткастот Decoder.
OpenAI очекува приход од 12,7 милијарди долари оваа година, повеќе од трипати поголем од 3,7 милијарди долари минатата година, но компанијата сè уште троши повеќе отколку што заработува, па затоа не очекува да биде профитабилна пред 2029 година, рече Терли.
Компанијата бара нови начини за зголемување на приходите, а воведувањето реклами е сè уште опција. Терли вели дека рекламите би морале да бидат „многу внимателни и со вкус“ во ChatGPT.
Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, претходно изјави дека би вовел реклами во ChatGPT само како последно средство, но призна во јуни дека „не е целосно против“ идејата, според Verge.
Во меѓувреме, конкурентската компанија xAI, во сопственост на Илон Маск, планира да интегрира реклами во одговорите на својот четбот Grok.