Колку може да заработите во Германија од такси за враќање на амбалажи, а да не плаќате данок?

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Приходот од собирање шишиња во Германија може да се класифицира како комерцијална дејност. Со други зборови, штом добивката од повратното пакување надмине одредена граница, треба да платите данок. Од следната година се менува овој лимит за добивка без данок, пишува echo24.de.

Т.н основниот додаток, со кој се регулираат ослободените од данок, од 2025 година ќе се зголеми од 11.604 на 12.000 евра годишно. Секој што ќе заработи повеќе од таа сума од повратна амбалажа мора да го пријави својот приход во даночната управа.

Висината на поединечниот данок зависи од вкупниот приход.

Собирањето шишиња во Германија се смета за стопанска дејност доколку се врши со намера да се оствари профит и со одредена регуларност. Но, за да се генерира поголем приход од собирањето на повратни пакувања, потребен е и многу труд.

За да го надминат лимитот од 12.000 евра, собирачите на празни шишиња теоретски ќе треба да собираат околу 48.000 шишиња годишно бидејќи надоместокот за враќање за повратни пакувања во Германија е 25 центи.

Слични содржини