„Колку повеќе политички кујни, толку повеќе гладни“, „До кога политичарите ќе живеат идеално, а работниците криминално“ беа дел од транспарентите на денешниот прво мајски марш,организиран од голем број на синдикати и организациски членки на Повелбата за солидарност.
Демонстрантите извикуваа се собраа кај Југодрво и тргнаа на протест за социјална правда и работнички права ,преку собранието и Министерството за труд и социјална политика завршувајќи кај Владата.
Граѓаните и синдикатите тврдат дека сиромаштијата е повисока од кога било, работничките права се кршат секојдневно, невработените се бришат од евиденција наместо да им се најде работа и класните разлики се највисоки во Европа.
Според синдикалците, изминатата година најмногу на удар биле вработените во јавниот сектор, особено во администрацијата, на кои им се наметнале бројни нови правила за полесна контрола и за полесно отпуштање на неподобните. Тие посочуваат дека и хонорарните работници се изложени на осиромашување поради наметнатата обврска да плаќаат придонеси за хонорарите, а на вработените во образованието фактички им е укинато правото да штрајкуваат преку легализирањето на штрајкбрехерството.