Колку руски војници се убиени во Украина: 500 или над 7.000?

од Nikola Popovski
216 прегледи

Денеска Русија за прв пат претстави бројки за своите жртви во Украина. Сепак, овие податоци се многу различни од податоците за руските жртви што ги дава Украина: ако ја прашате Русија, нејзината армија изгубила 498 војници. Украина, од друга страна, вели дека се убиени дури 7.000 Руси.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Русија изгубила 498 војници од почетокот на инвазијата, што е првпат Русија да зборува за своите жртви во војната во Украина.

Според дополнителните податоци на Министерството за одбрана на Русија, 1.597 руски војници биле повредени во украинската војна.

Во исто време, податоците за руските жртви на Алексеј Арестович, воен советник на претседателот на Украина, укажуваат дека повеќе од 7.000 од нив се убиени од почетокот на војната во Украина.

Во своето вчерашно телевизиско обраќање Арестович откри и дека Украина заробила стотици руски војници, вклучително и високи офицери и дека ранила командант на руската армија, кој поради тоа морал да биде одведен во Белорусија.

 

Слични содржини