Колку Вагнер ги чини Русите? Бројката е неверојатна

од Stefanija Kuzmanovska
681 прегледи

Клучното прашање во некои приказни е патот на пари, а во случајот со групата „Вагнер“ на Евгениј Пригожин, тоа се уште е мистерија.

Меѓутоа, со текот на времето, се појавија доволно докази за природата на односот 2П (Путин-Пригожин).

Се поставува прашањето кој и како во иднина ќе управува со тајната деловна империја на Пригожин, бидејќи Владимир Путин сепак најави прогон на човекот кој се осмели да испрати единици составени од голем дел од поранешни затвореници и проблематични офицери на редовната армија на Москва. Па што ни кажуваат трагите од пари во случајот на Пригожин?

Пред сè, треба да се нагласи дека финансиската скала на бизнисите на Пригожин, особено на групацијата „Вагнер“, е многу поголема од впечатокот во јавноста за личното богатство на тој чуден и жесток човек со садистички тенденции, кој започнал како продавач на виршли во Санкт Петербург и последните 9 години на СССР ги помина во затвор за измама.

Со оглед на интелектуалниот и психолошкиот профил на Пригожин, чија кариера вртоглаво порасна откако почна да организира угостителски услуги за Кремљ и го доби прекарот „готвачот на Путин“, јасно е дека тој му служел на Путин за вршење валкани или непријатни работи и, многу веројатно, прикривање на незаконски стекнато богатство.

Во тој дел од прикривањето, тој беше еден од најважните пиони-олигарси на Путин.

Матен бизнис

Во раните денови на власт, Путин дури го одведе францускиот претседател Жак Ширак во една од објектите на Пригожин на хот-дог, а исто така му помогна да добие огромен заем од државната банка за да започне бизнис во 2010 година, со угостителски бизнис за Руската армија.

Матниот бизнис на дуото брзо се зголеми. Веќе во 2017 година, опозицискиот лидер Навални предупреди дека компаниите на Пригожин ги прекршуваат прописите за заштита на пазарната конкуренција со понуди на тендерот на министерството за одбрана во износ од 387 милиони долари. Дали тоа објаснува зошто Путин е толку желен да му наштети на Навални?

А таа сума од 387 милиони е само дел од операциите на Пригожин. Сериозни економисти во Русија и на Запад проценуваат дека Пригожин е милијардер, но никој не се осмелува да ги каже вистинските размери на богатството создадено со чудни договори со државата и, уште помистериозно, со воени операции на африканска почва.

Истрагата на францускиот весник „Либерасион“ од 2018 година тврди дека 25 отсто од приходот од полињата со гас и нафта, кои вагнеровците ги заплениле од милициите на Исламската држава, отишле кај Пригожин. Исто така, постојат шпекулации за тоа како групата „Вагнер“ наплатувала за заштита на рудник за злато во Судан, кој наводно бил индиректно контролиран од Пригожин.

Како и да е, Пригожин со години тајно водеше приватна армија платеници кои вршеа валкани работи за Путин на меѓународно ниво речиси исклучиво со готовина.

Треба да се разбере дека финансирањето на приватна армија платеници е многу скап спорт, а фактот дека тие работеа првенствено со готовина, Пригожин неколкупати јавно го призна:

„Вагнер постои 10 години користејќи само готовина. Кога работевме во Африка, Украина и други земји, кога Америка беше ноќна мора, сите беа задоволни со готовина. А сега дојдоа со рации“.

Пронајдени 50 милиони во кеш

Коментарите на Пригожин за претресите дојдоа откако руските власти пронајдоа 4 милијарди рубљи или 50 милиони долари при претрес на еден од штабовите на неговата приватна армија.

Пригожин веројатно не лажеше кога рече дека тоа е готовина за платите на вагнеровците. Ако го помножиме бројот на работници на Вагнер (околу 50.000) со просечните договори за извршување на крвавиот бизнис од 240.000 рубљи, ќе се дојде до сума од 150 милиони долари потребни само за финансирање на персоналот на месечно ниво.

Проценките на експертите, како Антон Герашченко, велат дека на армијата на „Вагнер“ ѝ се потребни околу 250-350 милиони долари во готовина секој месец. Единствениот начин на кој може да се собере толку голема сума пари во Русија е да се извлечат пари од руските извозни бизниси со нафта, гас, руди, метали, злато и други природни ресурси на Русија, а таквата финансиска логистика може да се обезбеди само со влијание врз државните компании и други милијардери, а то аможе да го стори само Владимир Путин.

Имаше дури и теорија дека бунтот на Пригожин настанал затоа што директорите на државните компании и олигарсите почнале да се сомневаат во спецификацијата на повеќе од 2 милијарди долари во трошоците на „Вагнер“ во 15-те месеци од војната во Украина.

Како и да е, сега е завршена долгата ера на матно финансирање на „Вагнер“ групацијата под спонзорство на претседателот на Русија, а освен што вагнеровците повеќе нема да добиваат 250-350 милиони готовина за своето работење, тие повеќе нема да сметаат на руските воени возила, гориво, куршуми, гранати, ракети, мини, опрема за комуникација, храна…

Слични содржини