Колку во должина од стоденарки изнесува задолжување од 650 милиони евра?

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Со 7 новчаници од 100 денари се покрива должина од 1 метар.

Со 700.000 денари во стоденарки се покрива должина од еден километар.

100_denari_1996-_pozadina[1]

Со 700 милиони денари во стоденарки се покрива должина од илјада километри, а тоа се отприлика 11.4 милиони евра.

Со 650 милиони евра во стоденарки може да се покрие должина од отприлика 57.000 километри!

Според оваа груба пресметка, со задолжувањето што сака да го направи владата од 650 милиони евра преку еврообврзница, може да се направи патека од стоденарки која ќе ја обиколи планета земја по екваторот (околу 40.000 км), и уште една патека од Скопје до Њу Зеланд!

Со новото задолжување вкупниот долг на Владата ќе порасне толку што ќе може да се изгради “мост од стоденарки” од Скопје до Месечината!

Извор: Слободна.мк