Колку заработуваат информатичарите, а колку рударите?

од Nikola Popovski
579 прегледи

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27.948 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, таа е повисока за 2,7 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Ваквото зголемување се должи, пред сè на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен (7.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.0 %), Уметност, забава и рекреација (6.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4.1 %).

Фирмите од областа на компјутерско програмирање, и консултантски услуги, фармацевтската индустрија, компаниите од областа на телекомуникациите и вработените во воздухопловниот транспорт имаат највисоки просечни плати во Северна Македонија, кои се движат од 40 до над 70 илјади денари. Најплатени и на почетокот на оваа година се информатичарите.

Покрај информатичарите, со подобри просечни плати од 55.895 денари на листата се најдоа вработените од стручни научни и технички дејности, фармацевтите – со просечна плата од 46.720 денари, вработените во воздухопловниот транспорт каде просечните месечни приходи на вработените се 43.372 денари, потоа вработените во компании за снабдување со електрична енергија и гас, каде просечната плата е 41.443 денари,  а малку повисока просечна плата земаат и вработените во телекомуникациите – 41.742 денари. Во областа на информациите и комуникациите, пак, просечните плати се 53.104 денари.

За разлика од овие области, во рударството просечната плата се движи околу 34. 491 денари, во преработувачката индустрија – 23. 690, во правните и сметководствени дејности – 35. 153 денари , а во научно истражување и развој –  36. 975 денари.

Слични содржини