Колоски: Очигледно во Македонија постои преќутен договор помеѓу партиите за врската помеѓу процентите во Уставот и пописот

од Берта Китинска
817 прегледи

Во ОМД имаме голем сомнеж во бројките на пописот. Во 2002, Македонија имала 2.1 милиони жители, а 20 години подоцна 1.8 милиони. А политичарите со години објавуваат бројки дека за 10 години за време на мандатот на Груевски, или Црвенковски, ред други, дека Македонија изгубила 650,000, или 850,000 жители, и дека повеќете млади, вели во интервју за „Локално“, преседателот на Обединета македонска дијаспора, Мето Колоски.

Тој потенцира дека политиката е вмешана во сите аспекти во животот во Македонија и се се користи за дневни политички поени.

-Али Ахмети треба еднаш за секогаш во пензија да си замини. Доста беше командант на македонското општество и владење на корупција и непотизмот. Не знам каде во светот има практика и дијаспората да се попишува во попис на население. Америка, Канада, Австралија немаат таква практика, и верувам повеќете Европски земји, и членки на Европската Унија каде Македонија сака да влези, смета претседателот на ОМД.

Според резултатите од последниот попис, бројот на жители е намален за 185 илјади, дури 207 населени места останале празни. Ваше видување за бројките и колку се тие одраз на ситуацијата во државата?

Ситуацијата во државата е многу подрастична од тоа што се покажува во бројките од овој попис и на некој му е во интерес да ја држат државата во статус кво без некаков вистински напредок. Во ОМД имаме голем сомнеж во бројките. Во 2002, Македонија имала 2.1 милиони жители, а 20 години подоцна 1.8 милиони. А политичарите со години објавуваат бројки дека за 10 години за време на мандатот на Груевски, или Црвенковски, ред други, дека Македонија изгубила 650,000, или 850,000 жители, и дека повеќете млади. Дури и Светска Банка тврдеа дека според нивни проценки толку се иселиле. 1.8 милиони жители, и 1.8 милиони на избирачки список. Тоа не ви личи на корупција?

Над 132.000 не учествувале во пописот, нивните податоци се преземени од административни извори. Според изворите, поголемиот дел е македонско население, па дали Македонците си „пукаа сами во нога“?

Чудна изјава. Ако ги земале од административни извори, нели и етникумот ќе можеа да го докажат исто? А ако веќе од административни извори црпат информации, зошто воопшто попис се организираше? Пак доведува до знак прашалник. Нека ги пребројат само тие 132,000 па да видиме кој етникум се? Кај Македонците има голема недоверба во институциите на Република Македонија, а уште поголема после промена на името, договорот со Бугарија, и законот за двојазичност. А да не зборам за тоа што Бугарска ИТ фирма го изгради формуларот за пописот, како да немаме успешни Македонски ИТ фирми тоа да го прават.

Според податоците, резидентното албанско население изнесува 24,3 отсто. Ахмети честиташе, но од Алијансата за Албанците обвинуваат за предавство поради малата бројка во дијаспората, а БЕСА велат дека повеќе од 10% од Албанците ја напуштиле својата татковина поради лошите политики. Вмеша ли, според вас, политиката прсти во пописот?

Али Ахмети треба еднаш за секогаш во пензија да си замини. Доста беше командант на македонското општество и владење на корупција и непотизмот. Не знам каде во светот има практика и дијаспората да се попишува во попис на население. Америка, Канада, Австралија немаат таква практика, и верувам повеќете Европски земји, и членки на Европската Унија каде Македонија сака да влези. Користење на европско знаменце за да се протурка некаква политика која не е во согласност на како функционира Европската Унија е трагично за државата. Политиката е вмешана во сите аспекти во животот во Македонија за жал, и се се користи за дневни политички поени. Нема државна стратегија каде треба да оди Македонија за 5, 10, 15 години – не зборам тука НАТО, ЕУ, зборам за општествени работи.

Демократскиот сојуз излезе со мислење дека ова не се реални бројки, барем во однос на дијаспората, и бара одговорност за надлежните и дополнително пребројување. Треба ли посебен попис само за дијаспората?

Македонија има информации кога нивните државјани ја напуштија земјата и кога се вратиле, според пасошката контрола на аеродромите и границите. Дијаспората е многу поопширна од државјаните, и вклучува 2, 3, 4та генерација Македонците и тие што се од Егејска, Пиринска, и Мала Преспа, не само од Репулбиката. Бројките не се реални се разбира. Само еден е-маил добив од Конзулатот во Њујерси дека пописот се случува, не видовме пораки од Амбасадите, Конзулатите. МНР беше активна на терен во Белгија, Швајцарија и други Европски земји каде можеби Албанскиот етникум е поголем од Македонскиот, сепак немаме статистичка информација за да дојде некој до таков заклучок, но МНР воопшто не беше активна за промоција на пописот во САД, Канада, и Австралија каде има поголема и постара Македонска емиграција.

Што ќе се случи доколку големите партии, пред се од опозицијата, не го признаат пописот? Очекувате ли можеби негово оспорување пред институциите? Веќе слушаме обвинувања за ново национално предавство….

Предавството се случи кога Владата и тие 80 пратеници го промена Уставот на Македонија и го сменија името на државата. Освен од владината коалиција, не видовме признавање на резултатите од било која опозициска или партија на некој малцинство, како Ромните, Бошнаците, или Турците. Најголемиот проблем е што Македонија чекаше 20 години статистичка операција да спроведи.

Колку бројките ќе бидат „погодни“ за политичките партии во нивните идни пропаганди со сеење страв од едната и потребата од поголеми права и поголеми привилегии од другата страна? Следат ли можеби нови етнички тензии по овие резултати?

Се надевам дека нема да има нови етнички тензии, но некој има интерес тоа да продолжува, и тоа е токму Али Ахмети, и личности како него. Македонија е национална држава на Македонците, а сите граѓани се еднакви пред државата. Националните интереси на македонската нација треба да се императив на македонската држава.

Попис по дефиниција е статистичка операција. Очигледно, во Македонија постои преќутен договор помеѓу партиите за врската помеѓу процентите во уставот (и правата на малцинствата) и Пописот.Ние не сме слушнале за таков закон кој ја уредува оваа поврзаност. Оние кои инсистираат на Попис, за кое немаше договорена методологија, односно методологија која немаше да предизвика сомнеж, се одговорни за новонастаната ситуација. Попис со политички договор помеѓу партиите, е неприфатливо, и меѓународната јавност тоа треба да го знае. Тензиите постојат од 2001 и промената на Уставот, за кое патем речено, деновиве читаме, дека процентите се анхрони и непотребни. Целата оваа какијада доведува до конфузија како на Македонците во Македонија така и на дијаспората. Додатно, да не заборавиме, Македонците, со промените што се случија во последните години (промена на име, тиранска платформа, договор со Бугарија) како и геостратешките поместувања што се случуваат низ целата земјина топка, чуствуваат дека Пописот има некава поврзаност со целиот тој процес. Затоа, ја замолувам меѓународната јавност, посебно, да ги земе сите параметри во предвид при нивните изјави за да допринесе во намалување на меѓуетничките тензии. Потребно е стручната јавност со подршка на меѓународната стручна екпертиза заземе став дека целиот процес треба да се преиспита. Процесот доведе до сомнеж за точноста на резултатите. Конкретно на вашето прашање, да, се плашиме дека Пописот допринесе во додатно зголемување на меѓуеничките тензии во Македонија, но овој случај, не само помѓу македонската и албанската туку и помѓу сите останати етнички групи во Македонија.

Се очекува ова да биде последен попис со комбинаран метод, односно со теренски попишувачи. Следниот попис треба да се прави врз основа на регистри. За таа цел институциите работат на навремено ажурирање на сите непоходни податоци, меѓу кои е и стартната позиција за секој попис – адресниот регистер. Очекувате ли попрецизни бројки на следниот попис?

Пак сомнеж и знак прашалник за целата методологија. Да сум граѓанин и живеам во Македонија и да видам дека за мене внатре во државата нема електронски начин да се потпишувам а за дијаспората има, би ги тужел за дискриминацијата. Целиот попис можеше да се спроведи електронски и помалку пари ќе се потрошеа од народот. Секој денар што се троши е денар помалку за пензијата за сите кој еден ден ќе земаат пензија од таа држава. Секој денар помалку, е денар помалку за здравството, образованието, патиштата – во сите тие работи Македонија е во ужасна состојба.

Има многу начини како дијаспората да ја ангажираш да и помогни на Македонија – попис е последно нешто да ми падни на ум. Гласање на граѓани надвор од државата е друго – тоа е правото на секој граѓанин и не треба да се успорува од било која политичка партија или институтцијата. Очекуваме целосна транспаретност во ревизија на целиот процес, без никакви додатни договори, било помеѓу политичките паритти или со меѓународната јавност, односно да се доведе во рамки на тоа да Пописот е статистичка операција, а не за содавање на нереална слика за македонското општество и нејзината дијаспора за политички цели.

Б.М.

Слични содржини