Колозова: Според нашето истражување, Антиката е само 5 проценти важна за идентитетот на Македонецот

од Vladimir Zorba
501 прегледи

Проблемот со „Скопје 2014“ не е во пропаганда туку во тоа дали естетиката која што ја наложи е врзана со тоталитарен концепт на режим. Ова укажува на длабоката загриженост за начинот на кој проектот влијае на културниот и националниот идентитет на Македонија, посочи професорката по филозофија и културна теорија на конференцијата Школа за пропаганда „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДа која се реализираше во рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал.

-Ние на принцип на дијалектиката роб и господар, која создава менталитет решивме да го присвоиме сето она хеленистичко што се врзува за тој дел од историјата на Македонија, за да имаме право на тврдење на тоа како наше. Идентитетот е нешто што му бега на официјалниот наратив, национален наратив, на официјалната историја, бидејќи идентитетот, чуството на припадност, национална, етничка, културолошка, како сакате го има дури и ако субјектите не ја познаваат историјата, просто не оделе на училиште. За Скопје 2014 и за тој тип рекреација на минатото кога ние го употребуваме зборот антиквизација на Македонија, тоа е многу специфичен и конкретно врзан за конкретни политички мотиви, сметајќи дека идентитетот е загрозен со повикувањето на Грција, со името, називот Македонија, се што е изведенка од Македонија, рече таа.

Колозова истакна дека во истражувањето кое што под нејзино раководство го изведе Институтот за општествени и хуманистички науки во 2013 година, со цел да се измери дали наметнувањето на античката историја преку проектот Скопје 2014 врши насилие на идентитетското себепреспознавање, се дошло до резултати кои го потврдуваат насилието.

Заклучоците од истражувањето под нејзино раководство покажале дека “антиката е само 5% важна за идентитетот”, што укажува на потенцијалното насилство врз себепрепознавањето кое проектот може да го предизвика. Таа го истакна и аспектот на кичот и естетската непривлечност на проектот, велејќи дека “таа уметност е кич, дека естетски не срами”.

Колозова го објасни поширокиот феномен на национализам и национална гордост, особено во контекст на Југоисточна Европа и Балканот, заклучувајќи дека “градење на сопствената национална гордост преку тој акт на оплакување, тој патос на неповратна загуба” е карактеристично за регионот.

-Што мислам дека лежи и под 2014 и под сите други типови на национализам, национална гордост или здрав патриотизам. Таа форма е следнава, тој е национализам на тажење, на длабока загуба во минатото која нас не конституира.. Мислам дека ова е типично за Југоисточна Европа или за Балканот. Градење на сопствената национална гордост преку тој акт на оплакување, тој патос на неповратна загуба и конституирање на тоа празно место на загубата. И сега ние сме Република Северна Македонија, го “изгубивме” името. Повторно има загуба, повторно има оплакување на тоа. Бугарија бара да го признаеме нивното малцинство, тука не разбирам зошто има проблем, кога во суштина дава значење дека сме различни, ако тие се малцинство, но повторно е поврзано со тоа чувство на загуба. И тие нешто крадат од нас, од нашето минато, вели таа.

Според Колозова за жал тој процес е толку пенетрирачки во нашата политичка култура што веќе не препознава лево и десно.

-Левата негова верзија е знаеме која, врзана со авнојското, со комплексот еве Бугарија што не краде повеќе, затоа што тоа е врзано со југословенската ера и социјалистичкиот бекраунд. Десната варијанта на тоа е врзана со оној антиквизациски процес, но во основа двете нешта се исти. Експресијата само на едната страна е некој лажен кич класицизам, лажно европска реконструирана естетика за да се афирмира сопственото европејство, заклучува Колозова.

Панел дискусиите се одржаа во Музејот на Современа уметност, во организација на Факултетот за работи што не се учат на конференцијата Школо за пропаганда „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА. Од Скопје 2014 до Скопје – Eвропска престолнина на културата 2028“, која се реализираше во рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал, осум панелисти со различни погледи и искуства изложија различни мислења и аспекти за проектот Скопје 2014 ставен во кореалција со титулата која ја доби градот Скопје – Европска престолнина во 2028 година.

Слични содржини