Властите на Колумбија и Еквадор вчера објавија дека разоткриле операции на нарко кланови кои месечно од тие земји испраќале до пет тони кокаин во Соединетите Американски Држави и Европа. Покрај јужноамериканските шверцери, во операциите биле вклучени и криминалци од Балканот, пишуваат колумбиските медиуми.
Колумбиската полиција проценува дека шверцерите на дрога од Мексико и од Балканот заработувале по две милијарди долари годишно. Претходно, во 2023 година, во Еквадор биле заробени шест Колумбијци и 22 Еквадорци кои биле дел од организацијата, како и биле запленети 2,7 тони кокаин.
Акцијата „Gran Fenix“ е завршена во саботата, по една година во која беа уапсени шест колумбиски државјани и 22 Еквадорци, кои биле дел од организацијата од која се запленети 2,7 тони кокаин, пишува порталот „Aristegui noticias“.
– Целосно ја разбивме организацијата за шверц на дрога. Оваа операција спречи месечна испорака на пет тони кокаин, изјавил на прес-конференција заменик-директорот на Националната полиција на Колумбија, Николас Запата.
Колумбија се смета за водечки светски производител на кокаин.
Претседателот на таа Еквадор, Даниел Нобоа, вети дека ќе се справи со порастот на криминалот во неговата земја, каде конфликтите со нарко-клановите се во пораст во последните години.
Приносот на листовите кока во Колумбија достигна рекордни 230.000 хектари во 2022 година, што е за 13 отсто повеќе од претходната година, додека потенцијалното производство на кокаин се зголемило за 24 отсто на 1.738 метрички тони годишно, наведуваат од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.
Безбедносни извори тврдат дека Еквадор станал една од најважните извозни платформи за кокаин произведен во Колумбија.