8
Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе е во критична состојба откако беше застрелан во главата за време на политички митинг во Богота во саботата.
Во соопштението, лекарите велат дека 39-годишниот сенатор „едвај“ реагирал на медицинските интервенции што вклучувале операција на мозок по обидот за атентат, објави АП.
Нападот се случил додека Урибе разговарал со мала група луѓе во парк во населбата Моделија.