Командантот на украинските воздухопловни сили: Денешниот руски напад врз Украина е најголемиот воздушен напад од почетокот на војната

од Milan1
75 прегледи

Денешниот руски напад врз Украина е најголемиот воздушен напад од почетокот на војната, изјави командантот на украинските воздухопловни сили, пренесува Ројтерс. Военото воздухопловство собори 102 од 127 руски ракети и 99 од 109 беспилотни летала, изјави Микола Олешчук.

Русија ја бомбардира Украина повеќе од две и пол години, а утринава изврши напади врз 15 региони.

Метрото во Киев беше преполно со луѓе кои се засолнија таму, бегајќи од руските дронови и проектили.

Слични содржини