Од 1 март Комерцијална банка (КБ) воведува ново ниво на сигурност при интернет плаќањата со картичка и трансакции преку мБанка. Плаќањата со картичка ќе се потврдуваат со код од мТокен, наместо како досега со потврда со СМС код. Трансакциите преку мБанка, пак, ќе се потврдуваат со ПИН или биометриска автентикација, кои се користат и при најава на апликацијата.
Овие промени се направени согласно законска регулатива и со единствена цел да обезбедат уште поголема безбедност на паричните средства на клиентите.
За непречено вршење интернет плаќања со картичка, потребно е да ја активирате бесплатната алатка мТокен, која е достапна во рамки на мобилната апликација за физички лица мБанка.

Доколку сѐ уште ja немате, преземете ја мБанка бесплатно од Google Play, App Store или App Gallery и активирајте мТокен уште веднаш.
Повеќе информации и упатства за мТокен може да видите на следниот линк.
Доколку Ви е потребна помош, центарот за техничка поддршка на КБ е на располагање на тел. 02/3296 800 – изберете 2 (понеделник–петок 08:00–18:00, сабота 08:00–13:00).