Комерсант: Муслиманите во Франција побараа 2200 џамии за две години

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Претседателот на Советот на муслиманите во Франција ипрв човек  на Големата џамија во Париз, Далил Бубакер предложи да им  бидат обезбедени на муслиманите во земјата храмовите, кои не се користат од приврзаниците на другите религии, пишува рускиот весник “Коммерсант”.

20150619.egntdszrgd

“Станува збор за еден Бог за блиски, братски ритуали. Јас мислам дека муслиманите и христијаните можат да постојат и да живеат заедно “, изјави Бубакер и  даде пример  во градот Клермон-Феран, каде напуштена капела беше предадена на приврзаниците на исламот. Но според зборовите на Бубакер во Франција има сериозен недостиг на џамии. Во земјата живеат меѓу 5 и 7 милиони муслимани, кои располагаат со 2.200 џамии. Бубакер изјави дека во следните 2 години муслиманите во Франција треба да изградат уште толку џамии.Десничарските партии ја пречекаа иницијативата на претседателот на Советот на муслиманите во Франција на нож. “2200 џамии до 2017 година- тоа значи три џамии на ден, по една на секои 8 часа. Ова ќе биде најголемото градилиште во Франција “, изјави заменик-претседателот на” Национален фронт “Флориан Филиппо.