144
Професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев преку својот Фејсбук профил соопшти дека членовите на Комисијата за помилување поднесуваат колективна оставка од позициите.
„Почитувани,
Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување.
Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи.
Со почит,
Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ,
Др. Зора Митиќ,
М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска
Ајтен Шаќири “, напиша тој на својот Фејсбук профил.