239
Комитетот на Обединетите нации денеска објави дека е длабоко загрижен поради „кршењето на човековите права од страна на руската војска и приватните воени компании во Украина, вклучувајќи исчезнувања, тортура, силување и егзекуции“, објави „Ројтерс“.
Во извештајот за Русија, Комитетот на ОН против расна дискриминација ги повика руските власти да ги истражат наводите за кршење на човековите права за време на нападот врз Украина.
„Комитетот е длабоко загрижен за тешките прекршувања на човековите права извршени за време на вооружениот конфликт од страна на воените сили на Руската Федерација и приватните воени компании“, се вели во соопштението.