Комората на сметководители на Македонија утре на пресконференција ќе ја соопшти одлуката за радикализација на дејствувањето откако, според нив, сите досегашни барања за регулирање на оваа професија и создавање на подобри услови за работа не вродија со плод.
„Државните институции цела деценија се главни експлоататори на трудот на сметководителите со сите наметнати рокови до кои ригидно се држат ставајќи ги статистичките податоци над дигнитетот и добросостојбата на фелата. Пандемијата и ограничените човечки и временски ресурси само дополнително ги акцентираа недостатоците на системите, па оставени сами на себе сметководителите вложуваат натчовечки напори и работиме деноноќно и по цена на здравје и живот“, велат од Комората.