Комората со остра осуда: Бараме надлежните органи да преземат мерки

од Илинка Илиоска
265 прегледи

Во Скопје веќе извесно време се води кампања против албанските бизниси. Низ градот се појавија постери со повик да не се купува од маркетите кои имаат албански сопственици. Маркетите Кипер и Кит-Го, во сопственост на Вива Фреш, беа посебно таргетирани од овие напади.

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија остро ја осуди оваа кампања, оценувајќи ја како длабоко загрижувачка, објави ТВ Клан.мк.

„СКСЗМ остро ги осудува ваквите појави од секаков вид. А, особено за фирмите кои работат чесно и исполнуваат даночни обврски кон државата, од кои даноци има и тој што прави ваква глупост кога се знае дека таквите големи компании плаќаат фрапантни придонеси од кои корист имаат и Албанците и Македонците. Затоа не само што го осудуваме случајот, туку бараме надлежните органи да преземат мерки ваквите случаи да не се повторат. Им порачуваме на злонамерниците да ги држат рацете понастрана од слободната пазарна економија“, изјави Менди Ќира, директорот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.

📷Плакати за бојкот на познат маркет, објавен и амблемот на УЧК

Слични содржини