Компани: Судењето во Премиер лигата не е добро

од Симе Стоиков
209 прегледи

Фудбалскиот менаџер на Барнли, Винсент Компани изјави дека судењето во Премиер лигата оваа сезона не е доволно добро.

Компани доби црвен картон поради протестирање откако судијата Дарен Ингланд досуди пенал за Челзи во саботното реми 2-2, по што играчот на Барнли, Лоренц Асињон беше исклучен.

На 30 натпревари оваа сезона, шест играчи на Барнли добија црвени картони, најмногу меѓу тимовите од Премиер лигата.

Компани рече дека не се срами да им го каже мислењето на судиите и дека нема никакви проблем за тоа да биде казнен.

“Им кажав на судиите – судењето не е доволно добро оваа сезона. Тоа им го кажав на конструктивен начин, сфаќајќи дека и ним не им е лесно. Тие имаа најголема испит досега. Воведувањето на ВАР и повеќе мислења и повеќе официјални лица не им ја олеснува работата“, рече тој

Барнли е претпоследни на табелата и е на четири бода од безбедносната зона.

Слични содржини