Компанија која се занимава со инженеринг и услуги купи 17.656 акции од ВВ-Тиквеш

Ова претставува 6,53% од вкупниот број издадени обични акции на ВВ-Тиквеш

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Според објавата доставена до Македонската берза, компанијата М-6 ЕДЕН ДОО Скопје, која се занимава со инженеринг и услуги, се стекна со значителен удел во винаријата ВВ-Тиквеш АД Кавадарци, една од водечките компании во винската индустрија во Северна Македонија, пишува „Бизнис инфо“.

Со последната трансакција, М-6 ЕДЕН купи 17.656 обични акции, што претставува 6,53% од вкупниот број издадени обични акции на ВВ-Тиквеш.

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

Согласно член 38 став 1 од Правилата за котација на Македонска Берза АД Скопје, известуваме дека акционерот Друштвото за инжинеринг и услуги М-6 ЕДЕН ДОО Скопје се стекна со 17.656 акции односно 6,53 % од вкупниот број обични акции издадени од ВВ-ТИКВЕШ АД-Кавадарци“, стои во објавата.