Компанија од Дубаи ја прави најголемата Биткоин инвестиција во историјата

од Берта Китинска
231 прегледи

Хурам Шроф, претседател на IBC Group со седиште во Дубаи, добро познат арапски „кит“ и лицето на блокчејн технологијата на Блискиот исток и Азија, вети 100.000 Bitcoin (сегашни 4,8 милијарди долари) за Miami 2.0 Blockchain Strategy Foundation и многу други поврзани проекти за заедничко вложување.

Поддршката на Шроф за блокчејн иницијативата може да ја поттикне употребата на криптовалути на нови височини. Се очекува да се прват трансакции вредни 200 милијарди долари дневно со криптовалутите до крајот на 2021 година.

Влогот на IBC Group, најголем во историјата на Bitcoin, ќе биде од суштинско значење за да се олесни усвојувањето дигитални валути во различни индустрии и клучно за поддршка на визијата на Мајами за интегрирање на BTC во секојдневните трансакции.

Страствениот поддржувач на Еthereum 2.0, Хурам Шроф одигра важна улога во достигнувањето на потребниот праг на ЕTH за лансирање на beacon chain во ноември 2020 година. Од датумот на овој напис, beacon chain има во залог над 5 милијарди долари во Ethereum за да се потикне лансирањето на ETH 2.0, каде што ќе бидат достапни децентрализирани средства, вклучувајќи DeFI и dApp.

Неодамна на IBC Group и се обрати Burkhan World Investment LLC, познат во американскиот сектор за недвижнини, за да го зајакне усвојувањето на блокчејн технологијата и да ги направи јавниот и приватниот сектор поефикасни

„Правењето најголема инвестиција во Биткоин во историјата е доказ за нашата посветеност да им помогнеме на градовите да го усвојат блокчејн, што го гледаме како клуч за масовно прифаќање“, рече Хурам Шроф.

Буркхан во моментов има над 1 милијарда американски долари во проекти за недвижнини во Мајами, кои се овластени со технолошка иновација.

„Дозволувањето инвестиции во недвижнини, преку Bitcoin како колатерално средство, дополнително ќе ја подобри неговата употреба како средство за создавање хибриден инструмент за инвестиции за сопствениците на BTC“, рече Шахал Кан, извршен директор и основач на Burkhan.

„Економскиот долг, комбиниран со поволен хеџ за сопствениците на BTC во стабилни долгорочни средства како што се недвижнини, е двојна добивка за сопствениците на дигитални валути, како и за компаниите за недвижнини и за сопствениците на недвижнини“.

Инспирирани од посветеноста на градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез кон блокчејн, како IBC group, така и Burkhan се среќни што се дел од стратешката технолошка визија на Мајами. Во неодамнешното интервју, додека зборуваше за интегрирање на Bitcoin во одредени владини трансакции, градоначалникот Суарез рече: „Ова е дел од една поголема игра за да се позиционира Мајами како еден од најнапредните технолошки градови во земјата“.

Соопштението на градоначалникот ја зајакна Miami 2.0 Blockchain Strategy Foundation, што ќе му помогне на Мајами да ја постигне својата амбиција да биде водечки центар за технологија во САД со корист од 3 стратешки столба: Ефикасност на владата, Привлекување на технолошката индустрија и Ефикасно лидерство.

IBC group секогаш ја фали владата на Дубаи што го води светот со својата стратегија за блокчејн. Таму веруваат дека Мајами може да се изедначи со Дубаи и да стане првиот град кој работи целосно со блокчејн во САД.

Слични содржини