Уште еден здравствен работник лошо реагирал на вакцината Фајзер против коронавирус, бидејќи имал анафилактична реакција која барала итна медицинска интервенција, во истата болница на Алјаска.
Според „Си-Би-Ес Њуз“, двете медицински лица кои имале реакција биле стабилни, а средовечната жена била во полоша состојба од нејзината колешка.
Немала претходни проблеми со алергии, а откако ѝ била дадена вакцината, ја задржана во болницата во Џуноу.
„Таа ја прими вакцината во вторникот, а десет минути подоцна покажа знаци на анафилактична реакција, со забрзан пулс, отежнато дишење и осип и црвенило на кожата“, изјавил Линда Џонс, од Службата за итни случаи во болницата Бартлет.
Нејзините колеги реагирале брзо и и дале антиалергичен лек.
– Таа прими епинефрин и бенадрил, беше примена во одделот и доби инфузија. Нејзината реакција беше сериозна, но животот не и беше загрозен. И покрај проблемот, таа делуваше ентузијастички бидејќи ја прими вакцината и рече дека ќе ги охрабри и колегите да се вакцинираат – додала Џонс.
Во друг случај што се случил во истата болница, маж имал отечени очи десет минути откако ја примил вакцината, како и поллесна главоболка и почувствувал гребаница во грлото.
– Неговата реакција не беше анафилактична. По еден час се врати во нормала и веднаш беше пуштен – се наведува во соопштението на болницата, која го препратила извештајот за алергии до Американскиот центар за превенција на болести (ЦДЦ).
Здравствената установа додава дека 400 медицински работници побарале вакцинација, а денес се вакцинирани уште 144 медицински лица.