Компанијата на Безос доби дозвола да лета во вселената

од Nikola Popovski
378 прегледи

Ракетата на компанијата на Џеф Безос (57), еден од најбогатите луѓе во светот, доби дозвола од американската влада да испраќа луѓе во вселената, вклучувајќи го и сопственикот.

Основачот на Амазон следниот вторник ќе биде во ракетата „Њу Шепард“ во Западен Тексас, а неговиот брат ќе му се придружи.

Ним ќе им се придружи неименувана жена (82) и победникот на аукцијата која платил 28 милиони долари за патувањето, објави денес АП.

Тоа ќе биде прво лансирање ракета со патници за компанијата „Blue Origin“, која, како и компанијата „Virgin Galactic“, сопственост на Ричард Бренсон, планира да започне туристички летови во вселената во наредните месеци.

Федералната администрација за авијација на САД даде зелено светло во понеделникот, а лиценцата ќе важи и во август.

Безос се повлече од функцијата извршен директор на Амазон минатата недела, а го основаше „Blue Origin“ во 2000 година.

Слични содржини